66 годишен Гостиварец пронајден починат на улица

0
140

Денеска во 7 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат 66-годишниот гостиварец Џ.Р.

Според пријавеното, непосредно пред тоа, без видливи траги на насилство, тој бил пронајден паднат на улица „Илинденска“ во Гостивар.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција.

извор: МВР