Ослободени четворица уапсени во Бањска поради немање докази

0
168

Специјалното обвинителство на Косово ослободи четворица уапсени во Бањска во општина Звечан, поради немање докази во косовската полиција. Четворицата беа уапсени на 24 септември поради конфликт меѓу косовската полиција и вооружена група во близина на манастирот во Бањска, објави Радио Слободна Европа.

Во тој напад, за кој Косово тврди дека бил терористички напад, загинаа еден косовски полицаец и тројца напаѓачи Срби. Косовската полиција подоцна уапси уште четири лица.

На тројца од нив им е изречена едномесечен притвор. Осомничените се обвинети за кривични дела тероризам и тешки кривични дела против уставот и безбедноста на Косово.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља го обвини Милан Радојчиќ, потпретседател на Српската листа – најголемата партија на Србите во Косово, која има поддршка од Белград, дека го организирал нападот во селото Бањска и дека учествувал во него.

Свечља на 26 септември објави видео од беспилотно летало за кое тврди дека го покажува вооружен Радојчиќ во Бањска. Српска листа не одговори на обвинувањата на Косово за наводна вмешаност на Радојчиќ.

Во Србија на тие тврдења одговори само министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој изјави дека е „очигледно“ дека видеото не е направено на денот на нападот на северот на Косово. Косово ја обвини Србија дека е одговорна за нападот, додека Белград негираше дека има некаква врска со нападот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека напаѓачите се локални Срби од Косово, „кои повеќе не можат да го издржат теророт на косовскиот премиер Курти.

Нападите на косовската полиција ги осудија САД и Европската Унија, а упатија повици сторителите да се изведат пред лицето на правдата. Многу членки на Европската Унија бараат воведување мерки против Србија доколку се докаже поврзаноста на Белград со нападите во Бањска, велат дипломатски извори на Радио Слободна Европа, без да прецизираат за колку земји станува збор.

 

извор: Радио Слободна Европа