Канцерогено млеко увезено од Србија се продава во Македонија, ќе биде вратено назад

0
380

Агенцијата за храна и ветеринарство го смирува граѓаните дека нема отровно млеко на рафтовите во продавнците, откако Цветан Трипуновски од ВМР0-ДПМНЕ објави дека има млеко од Србија со афлатоксин над максимално дозволените граници.

-Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации. Граѓаните да бидат спокојни, канцерогено млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема, соопшти АХВ.

Од Агенцијата велат дека денес со согласност на извозникот, од граница тоа се враќа во Република Србија во согласност со законски дефинираните процедури, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

 

fokus.mk