Лав уби чувар на сафари парк во Јапонија

Чувар на зоолошка градина почина од последици предизвикани од напад на лав во сафари парк во североисточниот дел на Јапонија, пренесува Анадолу.

Като Кеничи (53) е нападнат во кафезот за лавови во сафари паркот Тохоку, во регионот Нихонмацу, во јапонската префектура Фукушима.

Кеничи работел во сафари паркот повеќе од 25 години.

Според изјавата на Кумакуба Норичике, потпретседател на сафари паркот Тохоку, од снимките на безбедносните камери е утврдено дека лавот го нападнал чуварот.

Сафари паркот е затворен и повторно ќе биде отворен откако ќе се подобрат безбедносните мерки.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.