Пандов: Имам сомнеж, ова злосторничко здружување да не неправило и други убиства!

0
185

Дозволата на општество на Љупчо Палевски Палчо да биде застапен во јавниот простор, да креира мислење, да формира партии е нешто што не требало да се случи воопшто, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО – ДПМНЕ на вечерашната емисија Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

„Имам соннеж, ако за пет дена овој монструм се дрзнал да пука и во воздрасен човек и во 14 годишно девојче и покрај тоа што неможам никако ова да си го ни замсилам, се сомневам дека и има извршено убиство и на некои други луѓе кои ги нема сега, треба да се провери дали ова злосторничко здружување не неправиле и други убиства.

Пандов додаде дека има ваков сомнеж затоа што после злосторството, тој нормално се движел,  зборувал, држеел други емисии.

„Јас се сомневам дека тие луѓе и тој човек имаат извршено и други убиства.
Полицијата треба ова добро да го истражи. А ја повикувам и полицијата и сите институции да ги превземат најригорозните мерки“, истакна Пандов.

 

Според Пандов треба да се стави ред и во медиумскиот простор.