Спасовски: Ниту е време ниту е соодветен момент да се носи Законот за амнестија

Ниту е време ниту е соодветен момент да се носи Законот за амнестија, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Амнестирање на крадци и разбојници ќе бидат терет на полицијата и безбедносната состојба во државата а претходните аменстии покажале дека голем дел од амнестираните затвореници повторно завршиле зад решетки. Стратешки план и зголемување на капацитетите на казнено поправните установи ќе постигне подобар ефект, смета првиот човек на полицијата
„Апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на Закон за амнестија. Опфатот е за прилично мал број на лица и нема да помогне. Ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видиме дека најголемиот број од тие лица за два до три месеци повторно се зад решетки поради повторно сотрени кривични дела“, изјави министерот Спасовски
VOA