Средношколката Ана Радеска од Скопје е првак на светската олимпијада по англиски јазик во “Hippo 3” категоријата која се одржува во Италија.
Таа се пријавила на натпреварот минатата година како деветтооделенка на ООУ„Лазо Ангеловски“ по сопствена иницијатива со голема поддршка од родителите.
Во Рим како финалисти од Македонија се исто така уште две ученички, Катја Гогова од ООУ “Петар Мусев”, Богданци, категорија Little Hippo, со менторот Оливера Прочкова Узунова и Тамара Николовски од ООУ “Гоце Делчев”, Битола, категорија Hippo 3, ментор Сашка Делова.
„Hippo-Хипо“ е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји, а оваа година имаше над 80.000 учесници од целиот свет.
Уште во првата година од олимпијадата, 2012 имавме победник во финалето, Елена Карамачоска од приватното училиште ЕЛИТ од Струга. Потоа секоја година имаме финалисти од Македонија, а и победници во светското финале, велат за Градска.мк од ” Hippo Macedonia”
Минатата година Вања Ѓорѓиоски од ООУ „Климент Охридски“, Прилеп (ментор Фросина Ацеска) исто така освои 1. место во финалето во Италија. Оваа година Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ Прилеп освои 1. место во светото во пишување есеи во категоријата Хипо 1, повторно организирани од Глобал Хипо.
Gradska.mk