Британскиот комичар Џош Бери доби честитка од Новак Ѓоковиќ за одлично одработената имитација. Бери добро се снајде во улогата на Ѓоковиќ, па и самиот тенисер реагираше со коментар: „Ова е навистина добро пријателе“.
Бери во тон кој е сличен на тој на Новак и гримаси какви што некогаш прави тенисерот, направи имитација која ги насмеа сите, па и самиот Србин.
„Мислам дека никогаш нема да паднам во формата. Никогаш нема да се пензионирам, ќе продолжам да играм тенис. Веганската диета значи дека имам внатрешни органи како 14-годишник и ќе продолжам. Моето тело и мојот дух се во перфектна позиција. Дури и кога планетата Земја ќе биде ужасна поради климатските промени, јас ќе се погрижам за да се преселиме на други планети и таму во универзумот ќе победувам во тенис. Ќе бидам најдобар во цела галаксија“, беше изјавата со која Бери го имитираше Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
sportmanija.mk