Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи Министерството за образование

Учениците кои посетуваат настава во задолжителното деветгодишно образование,немаат од каде да учат -од 123 потребни учебниците по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата, на први септември недостасуваа 46 учебници,што е една третина од вкупниот број учебници.Поради ова Комисијата за спречување и заштита од дискриминација деновиве ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука, објави АЛФА.МК.

“Нивен интерес е да добиваат квалитетно образобание, а тоа значи учебник по секој наставен предмет во секое одделение и на секој јазик во кој се одвива наставата.Tужена ќе биде државата односно министерството за образование и наука”-вели Весна Бендевска, член на КСЗД.

Иако комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај,тоа не се случи. Врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН,на почетокот на учебната година,книги имаа само учениците во прво и второ одделение.

Текстот во целост на: АЛФА.МК.