DW: ЕУ доделува 38.000 билети за патување со воз низ Европа – бесплатно

0
251

Ако сте родени во 2005 година, тогаш ова е за вас: ЕУ доделува 38.000 билети за патување со воз низ Европа во периодот од 1 март 2024 година до 31 мај 2025 година. Апликациите се прифаќаат до 18 октомври.

Шансата да се патува со воз низ Европа – за многумина е олицетворение на слободата: 36.000 млади Европејци повторно имаат шанса да освојат бесплатен билет за патување со воз низ целиот континент.

И за младите надвор од ЕУ
Европската комисија го објави почетокот на следната рунда на програмата за патување „DiscoverEU“ , во која можат да учествуваат граѓаните на земјите од ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Турција и Србија.

Младите можат да аплицираат за влезници до 18 октомври до 12 часот, соопшти Комисијата во Брисел.

Кој сака да освои бесплатен билет, прво мора да го покаже своето знаење во краток квиз. Победниците можат да патуваат низ Европа до 30 дена помеѓу 1 март 2024 и 31 мај 2025 година.

Подарок за 18. роденден
Програмата е наменета за млади на возраст од 18 години. Поточно, може да учествуваат сите родени од 1 јануари до 31 декември 2005 година. Учесниците со попреченост или здравствени проблеми можат да донесат придружба.

Иницијативата „DiscoverEU“ започна во 2018 година и беше замисла на активистите Винсент-Имануел Хер и Мартин Шпер. Нивниот предлог на граѓаните на ЕУ да им се поклони возен билет за нивниот 18-ти роденден и на овој начин да се запознаат со континентот, наиде на голема поддршка и кај политичарите и во општеството.

 

 

DW