Лепа Брена на геј свадба во Шпанија на венчавка на Србин и Хрват

Пејачката Лепа Брена присуствува на геј венчавката на Србин и Хрват во Палма де Мајорка, каде што парот живее со години, пишува српски „Курир“.

Музичката ѕвезда Лепа Брена е во Шпанија, каде што се одржува дводневна венчавка на геј пар, Србин и Хрват.

Брена пристигнала во Палма де Мајорка во друштво на блиска пријателка, а во петокот вечерта пред венчавката се одржала и забава за загревање. Покрај пејачката, на островот е и познатиот белградски шминкер Драган Вурдеља, долгогодишен пријател на младоженецот.

Белграѓанин, кој со години гради кариера во модната индустрија, е вработен како стилист и е во врска со хрватски архитект.

На прославата присуствуваат нивните семејства, а парот одлучил да го изговори судбоносното „да“ по речиси една деценија врска.

 

 

espreso.mk