(ФОТО) Влатко Миладиноски се пофали, во неговите нови видео записи гости ќе бидат играорци од Егејска Македонија

0
276
Познат е по многубројните патриотски песни кои го обележуваат во неговата досегашна музичка кариера,а најповеќе по песната „Велат не’ нема“ која беше и фестивалски наградена, но и стана голем хит кој се пее на сите свечености во нашата земја.
Деновиве Влатко Миладиноски најави снимање на нови видео записи за негови нови и досега слушнати песни, а дополнително се пофали и со тоа што во новите видео записи ќе има играорци од Егејска Македонија.
-Моите гости играорци од Егејска Македонија кои што специјално дојдоа за снимањето на ова видео за неколку нови обработки на наши преубави Македонски песни!!!
Еден дел од песните се посветени токму за нив…, напиша Миладиноски на својот ФБ профил.
Фото: ФБ