Пензионерка добила срцев удар, при забава на стриптизери во пензионерски дом

0
438

Видео снимено во домот за стари лица во Картагина можеби е направено со цел да се подигне свеста за најстарите граѓани и како и на кој начин треба да им се помогне, меѓу другото и како да се вклучат во секојдневниот живот, но, сепак, неконвенционалниот метод на „забавување“ на најстарите наиде на бурни реакции.

Шокантната снимка од стриптизери и стриптизерки во дом за стари лица кои ги ангажирала фондацијата „Una Mano Amiga“, би поминала без некое внимание на социјалните мрежи, ако играњето и голотијата не довеле до „срцев удар“ на една корисничка на домот за стари лица.

„Не очекував дека ќе се случи ова. Навистина сакав да ги забавуваме и многу ми е жал поради оваа непријатна ситуација“, напишала стриптизерката Надја Картагина, која била на настапот во домот за стари лица.

Имено, на снимката откако три разголени мажи играле околу жената, наеднаш ѝ се слошило и морала да реагира брзата помош. Кратко откако видеото стана популарно и е проследено со негативни и бурни реакции, Надја веднаш одговорила дека видеото е „наместено“, но дека тоа било со некаква цел.

„Сето ова го „наместивме“ за градоначалникот да види во какви услови живеат нашите најстари граѓани. Никој не правеше нешто против своја волја. Сè што сакам е да им помогнам на луѓето“, заклучила таа.

 

 

index24.mk