Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е осудена за навреда на социјален работник.
Северина денеска пред судот во Загреб беше прогласена за виновна и парична казна поради навреда на социјалните работници.
Како што неофицијално дознава „24сата“, Северина во своја одбрана негираше вина и има право на жалба. Во членот 17, според кој ја казниле Северина, пишува:
„Тој што омаловажува или навредува државни органи или службени лица при вршење или во врска со извршувањето на нивните должности или нивните законски наредби, ќе се казни за прекршокот со парична казна во износ од 20,00 до 100,00 евра или затворска казна до 30 дена“.
Да потсетиме, Северина, според обвинението, на 14 февруари минатата година го навредувала социјалниот работник од Центарот за социјална работа „Максимир“. Центарот за социјална работа до СВР во Загреб за навреда и омаловажување службено лице поднесе пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Според пријавата, пејачката се јавила во Центарот за социјална работа, а потоа „вербално и агресивно се однесувала кон социјалниот работник во случајот“. Според сведочењето на социјалната работничка, Северина не бирала зборови во разговорот со неа.
Северина наводно го прашала социјалниот работник „со кое право праќа друг социјален работник на нејзината адреса да ја посети мајка и“. Во извештајот, социјалната работничка изјавила дека се обидела да објасни дека Центарот мора да постапува по секоја пријава за сомнително насилство што им ја доставил член на нејзиното семејство. На суд, социјалниот работник навел низа навреди кои Северина и ги упатила.
nova.rs