Познатото звучно име на македонската народна песна Наум Петрески кој од неодамна ја започа својата турнеја по повод 35 години од неговата музичка кариера со настапи во неколку градови низ Македонија, провоциран од бројните политички настани но и директни опструкции упатени кон него, се обрати пред своите следбеници на Фејсбук со следната објава:
-Колку и да се трудите да ги попречите моите македонски концерти, треба да знаете дека добивам се поголема поддршка од пријателите и тоа сите што ја сакат и ценат мкедонската музика, како мојата така и на моите гости што ќе пеат со мене заедно утре вечер во Долни Сарај , Охрид. Ќе опстани Македонија како и векови пред нас , а сите вие анти македонисти ќе ве нема. Да живее Македонија!!
-напиша Петрески во својата објава.
Пред три дена Наум имаше свој концерт пред преолната Хераклеа во Битола, од каде сподели и видео од неовата изведба.