(ВИДЕО) Новиот спот за песната „Пеј“ од Игор Џамбазов и Гуру Харе

Игор Џамбазов и Игор Атнасовски – Харе неодамна го промовираа нивниот албум „Првите триесет“, а сега излезе и видеоспот за една од песните на албумот.

Спотот за пената „Пеј“ е прекрасна видео приказна која одлично го оцртува духот и карактерот на песната и главните актери, Игор и Харе. Како режисер и директор на фотографија на спотот се потпишува еден од најдобрите концертни фотографи кај нас, Стефан Рајхл, кој со овој спот започнува и своја видео продукција.

Во екипата која го работела спотот се вклучени и Николаи Грчаров, како втора камера и светло, Александар Пауновски – продуцент, Бранко Блажевски – монтажа и колор корекција, Катерина Ѓурчиновска – асистент на сет и Оливера Ристески која е заслужна за одличната шминка во спотот.

Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт на 21 октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден.

 

zase.mk