МВР со детали: Доктор Јовев физички и вербално нападнал колега на Кардиохирургија

Министерството за внатрешни работи во врска со пријавите од минатиот месец на Клиниката за кардиохирургија каде дојде до вербална расправија меѓу доктор Сашко Јовев и доктор Марјан Шокаровски во Скопје во консултација со јавен обвинител ги презеде сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Во случајот, според МВР, се утврдило дека Јовев нападнал друг вработен во болницата.

Настанот ќе се води според законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Извршен е службен разговор со лицата, земени се изјави од очевидци, а прибавени се и снимките од видео надзорот. Притоа дополнително е утврдено дека во одделот за интензивна нега С.Ј. физички нападнал друг вработен во болницата. По извршени консултации со дежурен јавен обвинител, добиени се насоки настанот да се води по закон за прекршоци против јавниот ред и мир, бидејќи нема елементи и обележја на кривично дело кое се гони по службена должност. Против С.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок, а по насоки на јавен обвинител за настанот ќе биде известување до ОЈО Скопје, велат од МВР.

 

извор: skopjeinfo.mk