Нов силен земјотрес утрово го погоди западниот дел на Авганистан.
Минатата недела во земјотресот во таа област загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а многу села беа срамнети со земја.
Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени е регистриран на околу 28 километри надвор од Херат, главниот град на истоимената провинција, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Епицентарот на претходниот земјотрес, во саботата, беше на околу 40 километри северозападно од главниот град на провинцијата Херат, а имаше и неколку силни последователни потреси, вклучувајќи го и земјотресот со јачина од 6,3 степени во саботата.