Аеродромот Лутон во Лондон ги прекина сите летови поради пожар на катен паркинг

Aеродромот „Лутон“ во Лондон доцна синоќа ги прекина сите летови, откако избувнал пожар на еден катен паркинг на аеродромот, што доведе до делумно уривање на зградата.

Сите летови се прекинати до 12 часот (по локално време) во среда, 11 октомври, бидејќи службите за итни случаи реагираат на пожар на автомобил на паркингот на Терминал 2, кој веќе резултираше со делумно уривање на структурата“, се наведува во соопштението на аеродромот објавено рано утринава на платформата Икс (до неодамна Твитер).

Пожарот зафатил повеќе автомобили на паркингот на Терминалот 2, соопшти локалната противпожарна служба, додавајќи дека станува збор за голем инцидент.

Нема информации за сериозни повреди, но „едно лице и шестмина пожарникари биле засегнати од вдишување чад“, соопшти локалната служба за брза помош.