(ФОТО) Цветен раскош во Бигорскиот манастир за венчавката на синот од Мијлков

0
694

Денеска во манастирот Св. Јован Бигорски во црковен брак стапија постариот син на поранешениот директор на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова и неговата партнерка Анастасија

Манастирот беше украсен како никогаш досега, со раскошни аранжмани на цвеќиња, а на венчавката учествуваа најблиските роднини и пријатели на двојката.

Бела беше нежна невеста во едноставен тесен бел невестински фустан со догл вел, додека Јордан изгледаше одлично во класичен смокинг.

Свекрвата Александра блесна во црно издание, препознатливо за неа, додека пак сестрата на Анастасија, Александра носеше црн костим.

На една од фотографиите можеше да се забележи и нивната ќерка Александра која неодамна наполна една годинка, која носеше сладок невестински фустан.

Претходно тие направија мала свадбена веселба додека невестата сѐ уште беше бремена.

Ќе прават и уште една свадба. Наводно, се шушка дека за свадбата која ќе се одржи во хотелот Мериот, се донесни неколку шлепери од Италија за дополнување на амбиентот, меѓу кои лустери, мебел и декорации. Понатаму, се зборува дека Цеца и Аца Лукас ќе пеат.

 

 

zenskimagazin.mk