На 13.10.2023 во 22.30 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода В.Д.(41) од Делчево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во Делчево при што била пронајдена поголема сума на пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Mvr