Шеснаесет години непребол за македонската легенда Тоше Проески

0
136

Годинава, на 16 октомври, се навршуваат 16 години од вечното заминување на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Овој датум е врежан во колективното сеќавање на македонскиот народ како еден од најтажните денови за сите нас.

Една од најубавите традиции, кои сѐ уште се одржуваат во спомен на нашиот Тоше, е меморијалниот маратон во негова чест.

Ултрамаратонците се веќе во Хрватска и денеска, околу 17 часот, ќе го почнат симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија пред 14 години.

По повод 16-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево се очекува пристигнувањето на неговите бројни обожаватели од земјава и од странство. На неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево е подигнато спомен-обележјето во негова чест и спомен.

Како потсетување, Тоше Проески го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, кај Нова Градишка во Хрватска.

 

 

espreso.mk