Ако барате информации за војната во Украина на англиски јазик, сигурно ви е позната Сара Ештон Кирило. Таа е една од оние странски државјани кои уште во првите денови од војната отпатуваа во Украина. Таа беше блогерка и се прослави со снимките од Украина. Таа се најде на мета на руски напади на интернет, меѓу другото и поради нејзиниот пол, имено таа е транс-жена.
Претставник на територијалната одбрана
45-годишната Американка служи во украинската војска како медицински персонал, но продолжува и со работата на нејзиниот блог. На X (поранешен Твитер) Ештон-Кирило има повеќе од 160 илјади следбеници, нејзиниот месечен рич достигнува двоцифрен милионски број. Популарноста беше една од причините зошто на почетокот на август беше ангажирана како портпарол на англиски јазик од страна на територијалната одбрана на Украина, која е дел од војската. Ештон-Кирило е прва транс-жена на оваа функција. „Омразата“ од руска страна може да е корисна како дополнителен фактор, благодарение на кој може да се допре до уште поголем број луѓе, бил резонот во украинското Министерство за одбрана при ангажирањето на Ештон-Кирило. „Најважното е Сара да ја информира јавноста на англиски јазик – таа објективно известува за војната и ги открива руските фалсификати и пропаганда“, напиша во тоа време заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.
DW