Денеска (16.10.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во скопско Кондово, како и пожар во велешко помеѓу селата Иванковци, Мамутчево и Милево, го упати хеликоптерот Бел-412еп и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарите се локализирани. Хеликоптерот Бел-412еп врз пожарот во Кондово исфрли над седум тони вода, а врз пожарот во велешко над 55 тони вода.
извор:МВР