Маркова: И студентите сакаат нивни 140 денари да ги трошат во владината менза, додека тие мака мачат да се прехранат, владините функционери се гоштеваат речиси бесплатно

Слабиот интерес за појадок во Студентските домови доведе до скратување на појадокот и оставање на студентите сами да се снаоѓаат за појадок, но од друга страна интересот за добра храна е огромен во Владата.

Доказ за големиот интерес за храна во Владата е и менито од кое што јасно може да се забележат ниски, замрзнати цени и намалено ДДВ. Па така додека студентите мака мачат за да се прехранат, нашите владини функционери се гоштеваат речиси бесплатно.

Затоа ние студентите се собравме и дојдовме тука пред Владата, нашите дневни 140 денари студентски субвенциониран оброк да ги потрошиме на убаво приготвена и евтина храна.

И сето ова можеби е нормално за членовите на Владата, но реалноста е поинаква. Негрижата за студентите продолжува и понатаму.

Срамно за една држава и Влада, во која менито во Влада е поевтино од она во Студентските домови и Факултетите.

Извор: ВМРО ДПМНЕ