Манастирот „Св. Порфириј“ во Газа, прибежиште за стотици христијани и муслимани

0
173

Минатата недела, на 15ти октомври, беше отслужена Божествена Литургија во храмот на православниот манастир „Св. Порфириј“ во областа Газа. И покрај тешкотиите со кои се соочуваат сите во Газа, уште од самиот почеток на војната меѓу Израел и Хамас, заради терористичката акција на Хамас и загубата на цивилни жртви, сепак Христијаните во овој реон успеваат да земат удел во богослужбите. Присутните верници во преполнетиот храм просеа од Бога сили за да можат да се справат со тешкотиите среде подемот на воените дејствија, барајќи Он милостиво да ги заштити во оваа жестока војна.
Храмот, кој го носи името на Св. Порфириј, Епископот на Газа, е изграден во стариот град и датира уште од 407 година. Во VII век тој бил претворен во џамија, за потоа, во времето на крстоносните војни во XII век, одново да стане црква.

Веќе стотици цивили, христијани и муслимани, си нашле свое прибежиште од војната во оваа Обител“. Сајтот на манастирот јасно сведочи дека тука богослужбите непречено се одвивале и во претходниот период. Иако пред извесно време кружеше веста дека манастирот бил урнат при Израелските бомбардирања, медиумите и самата официјална страница веднаш излегоа со свој демант на таа дезинформација.

„Грчката влада упати апел до Израелските власти, барајќи заштита на овој историски православен манастир во Газа“, изјави премиерот на Грција, Мицотакис, за време на неговата среда со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Атина.

Бигорски манастир