Лидер: (ФОТО) Пропадна лагата дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во аферата „Делчевски ниви“

Постапката за случајот „Делчевски ниви“ е сопрена од Обвинителството поради сменет исказ на член на еден од одборите на ЕВН и немање доволно докази кои би го поткрепиле обвинението.

За овој предмет, СДСМ обвинуваше дека членови на обезбедувањето на лидерот ВМРО-ДПМНЕ, како и функционери на партијата биле вмешани во нелегално финансирање на партијата со купување на земјиште во делчевско, што потоа се продава на „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност.

„Преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин. Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во Белиот дворец“, обвини тогаш Славјанка Петровска од СДСМ.

Покрај СДСМ, во медиумите се пласираа и тенденциозни „шпекулации“ дека обвинетите во „Делчевски ниви“ ќе се користат како своевидна „трампа“ за гласови за Уставните измени.

По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не произлегоа ниту материјали, ниту вербални докази кои би потврдиле основано сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела, стои во констатацијата на обвинителството.

Истрагата на скопското обвинителството се фокусираше на тоа дека двајцата управители ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор за да се донесе одлука за купување на земјиштето по нереални цели.

Членот на Управниот одбор на ЕВН ’Македонија‘ АД Скопје именуван од страна на Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејствијата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата“, велат од ОЈО Скопје за Радио Слободна Европа, нагласувајќи дека неговиот исказ бил круцијален бидејќи тој е заштитник на државниот капитал во случајот.

Истрагата опфаќаше купопродажба на 48 парцели чија пазарна вредност обвинителството ја процени на речиси 35 000 евра (2 146 723 денари). Меѓутоа, тие биле продадени на ЕВН Електрани за 1,6 милиони евра (99 431 060 денари). По правосилноста на одлуката за запирање на постапката, ќе бидат одмрзнати и парите кои беа замрзнати на сметките на до неодамна осомничените продавачи.

 

 

lider.mk