Починала жената, една од тројцата затруени, за кои беше објавено вчера дека биле тројца членови од семејство биле примени на Токсикологија.
За жал кобна била питата со праз која содржела Метомил пестицид но не е познато како се нашол во храната.
Инаку 47 годишна жена сега почината, заедно со својот сопруг и баба јаделе домашна пита.
Мажот и бабата се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е се уште во кома на КАРИЛ.
Блиски роднини на семејството, за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и праз.
Од Токсикологија велат дека се работи за труење со Метомил пестицид, засега е непознато како отровот завршил во јадењето.
На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје, соопшти полицијата, соопштија од МВР.
Инаку, метомил е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.
извор: Алфа