Во текот на вчерашниот ден (19.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Центар во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 61 возач, од кои шест за возење без возачка дозвола, осум возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз. Изречени се 12 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири санкции за возење под дејство на алкохол…На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
MVR