Договорот со „Бехтел и Енка“ нема да се раскинува, владата ќе бара повеќе километри

0
69

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денеска рече дека ќе се вложат напори компанијата да изгради повеќе километри автопат за истата сума на пари која е предвидена во договорот, кој инаку е државна тајна. Уште еднаш нагласи дека договорот според кој треба да се изградат автопатски делници Тетово- Гостивар, Гостивар- Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп- Битола, треба да се декласифицира и дека истиот треба јавноста да го види, за што е потребно да се добие согласност од конзорциумот, објави Канал 5.

Најголем предизвик за Николовски е повторно да ги направи рентабилни претпријатијата Македонски Пошти, Железници инфраструктура и Железници транспорт. Најавува целосен план за реструктуирање на овие претпријатја, и вели дека во мометов министерството работи на раздолжување за да можат вработените да земаат редовно плата.

Николовски најави завршување и на автопатот Кичево-Охрид до 2026 година, што кинески Синохидро го гради веќе една деценија.

извор:Канал 5