Завршна конференција: Зелена образовна транформација

0
24

Во понеделникот (08.07.2024) во Хотел Оаза во Штип се одржа завршната конференција од проектот „Зелена генерација: училишта за климатска акција“ насловена – Зелена образовна трансформација.

На конференцијата говореа градоначалниците на Штип и Берово и претставници на општина Чаир, а потоа во работни групи учесниците разговараа за што треба и што не треба да опфати зелената образовна трансформација. Градоначалниците на општина Штип и Берово и претставниците на општина Чаир, кои беа директно вклучени во проектот преку училиштата, ја истакнаа важноста од овој проект и ги поздравија придобивките кои овој проект им ги овозможи.

По успешното завршување на активностите во овие три општини, цело лето ќе се спремаме за следните активности кои ќе се реализираат во Битола. Конференцијата заврши со заклучокот дека поставувањето на соларни панели ќе ја зголеми финансиската одржливост и моќ на училиштата, а заштедите од струјата ќе им овозможат на учениците, училишните заедници и советите на родители да ги искажат своите потреби кои соодветно ќе може да бидат адресирани преку финансиските заштеди направени преку заштедена електрична енергија. На овој начин креираме еколошки самоодржливи училишта кои преку користење на обновливи извори на енергија ја следат зелената агенда и трансформација, притоа влијаејќи позитивно на зелената образовна трансформација.

Завршната конференција е дел од проектот „Зелена генерација: Училишта за климатска акција“ кој цели да ги вклучи локалните засегнати страни во таргетирање на климатските промени.

Во овој клучен период на енергетска транзиција на земјите од Западен Балкан, овој проект ја надополнува иницијативата на Фондацијата Отворено општество – Западен балкан, Проект „Сончеви училишта“ преку обезбедување на активно учество на сите засегнати страни во правичната транзиција и енергетската демократизација, истовремено градејќи ги капацитетите на училишните заедници, како и зајакнување на нивното чувство на припадност и одговорност во процесот. Во проектот се вклучија вкупно 21 училиште, од следните општини: Берово, Штип и Чаир во Северна Македонија, Ваљево во Србија, Ѓаковица во Косово и Живинице, Лопаре и Грачаница
во Босна и Херцеговина.

Проектот „Зелена генерација: Училишта за климатска акција“ има за цел да ги поттикне училишните заедници да превземат активна улога во климатските активности, да ја подобрат енергетската ефикасност и да промовираат одржливи практики. Преку својот разновиден опсег на активности, проектот се стреми да ја подигне свеста, да ги зајакне капацитетите и да ја поттикне соработката, стремејќи се кон иднина на Западен Балкан која е отпорна на климатските промени и независна во енергетските ресурси. Токму затоа на завршната конференција ќе се формираат
работни групи преку кои училиштата и училишните заедници ќе земат активно учество и тематски ќе може да работат и да споделуваат препораки за зелена образовна транзиција во нивната локална средина. Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Београдска отворена школа од Србија, БОНЕВЕТ Ѓаково од Косово и РЕСЕТ од Босна и Херцеговина, а финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество – Западен Балкан.