МВР со детали за труењето во Скопје – Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење

0
253

Почина 47 годишна жена која заедно со својот сопруг и со мајката на сопругот јаделе пита со праз. Причина за смртта е труење настанато од пестицидот „Ланате“.

Од МВР за Скопје Инфо велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Известен е јавен обвинител, велат од полицијата за случајот.

– Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.10.2023 од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е добиено известување дека едно од лицата починало и телото е дадено за обдукција, додаваат од МВР.

Мажот и бабата се уште се во кома на КАРИЛ.

Роднини на семејството, велат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз, а ана социјалните мрежи се шират низа шпекулации за случајот.

извор: Скопје Инфо