Поп-пејачката Елена Ристеска, прексиноќа била физички нападната во познат скопски локал, по што случајот го пријавила во полиција.
Инцидентот се случил по полноќ, при што женско лице ја нападнало пејачката користејќи тврд предмет.
Како што соопшти МВР, Ристеска нападот го пријавила во полиција во 02.30 часот.
-На 23.10.2023 г. во 02:30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице), се вели во соопштението.
Од МВР не соопштија детали од инцидентот, но велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
skopskoeho.mk