Едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија по денешното пукање во Ист гејт

0
185

Едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија по денешното пукање во Ист гејт, за државната новинската агенција МИА потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

Кај двете лица се констатирани прострелни рани во стомакот и во градната шуплина. Врз едниот од нив, кој е во тешка состојба, во моментов во тек е хируршка интервенција.

„Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани“, вели Арсенков.