„Пари“ ги открива најмоќните пет ИТ компании во македонска сопственост

0
156

 

„ПАРИ“ АНАЛИЗА: Кои се петте компании чии вкупни приходи се поголеми од 38 милиони евра, а збирот од нивните добивки е 9,8 милиони евра. Ефекти постигнати само од пет, а ги има речиси две илјади активни компании во овој сектор! Како се материјализираат неограничените можности што ги дава светот кој се базира на факти, знаење и транспарентност.

Расте брзо. Не познава граници. Креира работни места. Увезува. Многу повеќе извезува. Информатичката и комуникациска технологија е сектор кој ги крева просеците во македонската економија. Ги шири видиците. Создава услуги со голема додадена вредност. И, врвни продукти кои одговараат на стандардите што ги диктира глобалниот пазар. За успешниот продор во странство, доволно е да се каже – светско, а наше.

Во Македонија има околу две илјади ИТ компании, кои вработуваат речиси 20 илјади лица, а потрагата по нови е постојано актуелна. Условите за работа и платите се далеку над вообичаените. Тука е и погодноста што може да се работи од дома, или од било која точка на земјината топка. Remote working концептот се покажа мошне ефикасен.

Извозот на ИКТ – информатички, компјутерски и телекомуникациски услуги, минатата година го премина прагот од 467 милиони евра. Статистиката бележи раст од 41 процент. Или, 137 милиони евра повеќе од 2021, кога со задоволство се посочуваше износот од 330 милиони евра. Секогаш може повеќе. За информатичарите, нема лимити.

Фактите се потврда за тоа. Последниве пет подини извозот на ИКТ услуги незапирливо се зголемува. Во 2018 се работело за речиси 184 милиони евра. Па, нема друг сектор во кој извозната активност нараснала за 155 проценти.

Наспроти тоа, кај увозот на услугите што ги дава оваа дејност растот е 47 насто. Исто така, за пет години.

И, кога ќе се стават една до друга двете бројки од 2022 година – 467 милиони евра извоз и 132 милиони евра увоз, лесно се пресметува суфицитот од 335 милиони евра.

Порталот „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк ги пребаруваше и анализираше параметрите остварени од ИТ компаниите, кои се сто проценти во македонска сопственост. Наодите се неверојатни. Вкупни приходи поголеми од 38 милиони евра имале само пет фирми. А, 9,8 милиони евра е заедничката добивка. На само пет од речиси две илјади активни компании во овој сектор! Станува збор за минатогодишните постигнувања (износите се заокружени за полесно проследување).

 

 

pari.mk