Пописот на населението и становите 2023 ќе продолжи до 15 ноември 2023 година
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонците во Република Албанија да се изјаснат дека се Македонци да го чуват својот Македонски идендитет.
Институтот за статистика на Република Албанија, ИНСТАТ, соопшти дека „Пописот на населението и становите 2023“ ќе продолжи до 15 ноември 2023 година, додека овој процес беше планирано да заврши на крајот на октомври.
Во соопштението на ИНСТАТ се вели дека околу 3 отсто од површините на целата територија на Република Албанија се уште не се избројани, поради што, според оваа институција, во некои области на некои општини во државата, собирањето информации во рамките на пописот на населението ќе продолжи до 15 ноември 2023 година.
Пописот бара информации за демографските, социјалните и економските карактеристики на поединците. Ова вклучува прашања за возраста, полот, односите меѓу членовите на семејството, местото на раѓање, степенот на образование, работниот статус, етничката припадност, религијата, попреченоста и условите за живеење. За прв пат, одговорите ќе бидат снимени од анкетарите на таблети.
Проверете дали вашиот одговор е правилно внесен на таблетот (електронскиот уред) со кој се регистрирате, според тоа што сте го пријавиле.
Пописот на целокупното население и домувањето е најважната статистичка операција во државата и врз основа на овие податоци институциите ќе можат правилно да ги планираат потребните интервенции и услуги за жителите.
vesnik-ilinedn.com