Вооружен масакр со многу жртви во Мејн

0
183

Повеќе лица се убиени во масовен напад со огнено оружје во американската сојузна држава Мејн. Медиумите јавуваат и за голем број повредени. Полицијата сѐ уште не дава конкретен број на жртвите, ситуацијата и натаму нејасна, а податоците за бројот на загинати и повредени во моментов варираат во известувањата на медиумите. Телевизијата Си-Ен-Ен и Волстрит журнал пријавија 16 смртни случаи, а Ен-Би-Си најмалку 22. Членот на градскиот совет на Луистон, Роберт Мекарти, исто така, зборуваше за 22 убиени и „многу, многу повеќе повредени“.

Осомничениот е сѐ уште во бегство
Градот Луистон е дел од округот Андроскогин и се наоѓа околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во Мејн. Според локалната полиција, сторителот пукал во луѓе на повеќе места. Според пишувањата на медиумите, тој наводно отворил оган во ресторан за скара и во рекреативен центар со куглани.

Осомничениот е сѐ уште во бегство, а полицијата започна масовна потера и објави фотографии од осомничениот со полуавтоматско оружје и автомобилот кој, како што се наведува, го вози човекот. Сторителот бил „вооружен и опасен“.

 

DW