За неправилностите и злоупотребите на онкологија знаеле пациентите и јавноста, а надлежните институции тоа го премолчеле, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
218

Од 2019 година скандалот на Онкологија добива драматични пропорции. Реагираат пациенти, реагираат медиуми, реагира опозиција, само институциите на власта молчеле и се правеле како да не постои таков проблем. Министерот за здравство согласно законите е должен да знае за се што се случува и тоа дали преку свој тим или не, меѓутоа тој како лик е должен да знае што се случува во здравствениот систем во државата. Преку него, одговорност за случувањата во јавниот здравствен систем има и владата и премиерот. Но овие институции очигледно не биле заинтересирани да ги решаваат проблемите во Онкологија, туку ги интересирале само коалициските пазари и тендерите кои си врвеле. Утврдени се неправилности во набавката на терапијата, постоеле неправилности во распределбата на терапијата, постоеле злоупотреби на термините во системот и на крајот свесно бил исклучен софтверот кој требало сето ова да го контролира. Анкетната комисија дава одговори на сите овие прашања, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на исто се додава:

Логично е да се помисли дека сите овие злоупотреби и неправилности биле толерирани заради нечии бизнис интереси кои биле правени на грбот на пациентите и за жал на сметка на животите на голем број од нив.

Сведоштвата на пациенти, пишувањата на медиуми траат со месеци и години и ниту здравствените институции, ниту пак МВР и обвинителството не мрднаа со прст со месеци. Дозволија овој монструозен скандал да трае и на тој начин загрозија стотици и илјадници пациенти колку што се лекувале овие години на клиниката за Онкологија. Дури и после отворањето на истрагата поминаа месеци и сеуште нема никакви поднесоци и информации. Доколку некој мисли дека овој случај ќе се забошоти, тогаш се лаже. Одговорност ќе има и политичка и кривична. Од тоа бегање нема.

извор: ВМРО ДПМНЕ