47 годишна жена прегазена во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

0
103

Скопјанка е тешко повредена откако вчеравечер во неа удри возило во Центар.

Како што соопштува МВР, во 20.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „11-ти Октомври“ патничко моторно возило „тојота корола“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(33) од Кавадарци, удрило во Л.С.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

фото: Архива