Фон дер Лајен денеска на средба со Ковачевски во Владата

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен официјалната посета на државава денеска ја продолжува со средба во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, каде ќе биде пречекана со највисоки државни почести.

Претседателот на Владата Ковачевски ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести. Веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат и Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедницитa, Бојан Маричиќ, заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Благој Бочварски, министер за транспот и врски, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Азир Алиу, министер за информатичко општество.

 

 

nezavisen.mk