Во престрелка на улица во Сараево е убиен водач на наркокартел од Шведска

Во попладневните часови пукање имало во населбата Булевар на Штуп во Сараево, во кое има ранети, а оштетена е најмалку една просторија.

Според Аваз, на местото на настанот дошле две маскирани лица со спортски торби во кои имало автоматско оружје. Додаваат дека напаѓачите не оставиле чаури зад себе, што упатува на тоа дека биле професионалци. Аваз пишува и дека бил убиен шведскиот државјанин Харис Остердал, додека ранетиот е државјанин на Босна и Херцеговина.

Полициски екипи се на терен, добиена е пријава за употреба на огнено оружје и има сознанија за повредени лица.

Престрелката се случила пред продажен објект каде во моментот на нападот имало неколку лица.