Возило изета од патот кај делчевско, сообраќајот во прекин

0
74

Поради сообраќајна несреќа во која едно возило излетало од патот кај месноста Баткова Чешма, делчевско, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.

На местото на сообраќајката интервенирала Итната медицинска помош, при што едно лице е повредено и во моментот со возило и присуство на доктор е упатено кон Клиничката болница во Штип.

Во моментот полицијата врши увид на терен, а возилата се пренасочуваат преку алтернативни патни правци.

Причините за несреќата не се познати, повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

 

 

a1on.mk