Министерот Османи ќе издвои 900 илјади евра за изнајмување автомобили за потребите на самитот на ОБСЕ во декември

Министерството за надворешни работи за потребите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември во Скопје, ќе издвои речиси еден милион евра за изнајмување на автомобили со кои ќе се возат министрите на земјите членки на оваа организација.

Според договорот кој е објавен на електронскиот систем за јавни набавки, а компанијата „АБЦ Рент а кар турс ДООЕЛ Скопје“ ја понуди најниската цена за изнајмување на автомобили за министерскиот совет на ОБСЕ со кој годинава претседава Македонија, односно нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Компанијата ќе треба да изнајми 175 возила, најголем дел од нив автомобили кои ќе се користат 7 до 8 дена.

Фирмата „Еуровиа“ од Тетово која е еден од донаторите на ДУИ, веќе доби 1,8 милиони евра тендер за да ја подготви спортската арена „Борис Трајковски“ за големиот настан.

Проценките се дека за организација на конференцијата на ОБСЕ, на која ќе гостуваат 70 министри, Македонија ќе издвои 5 милиони евра.

По ценовник (редовен/нередовен/вип – кога следуваат попусти и пресметани ризици) математика вели дека има разлика од над 700.000 евра)

Еве ги (РЕДОВНИТЕ!) цени за изнајмување коли од „АБЦ Рент а кар“, која го добила тендерот за Самитот на ОБСЕ!

Множете, собирајте… ставите и 175 коли за неколку дена и со шофери и со гориво… нема да добиете повеќе од 200.000€!

Бујар Османи ќе плати 900.000€!, пишува во пресметката на социјалните мрежи за Самитот на ОБСЕ за кој Бујар Османи ќе плати 900.000 евра за изнамување автомобили.

Договорот склучен во два дела е веќе објавен на електронскиот систем за јавни набавки, а компанијата „АБЦ Рент а кар турс ДООЕЛ Скопје“ ја понуди најниската цена за изнајмување на автомобили за министерскиот совет на ОБСЕ со кое годинава претседава Македонија, односно нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Во име на МНР тој склучил два договори, првиот за сума од 56.640.000 денари или околу 900.000 евра во времетрање од четири месеци, односно оваа набавката се прави исклучително за потребите на самиот на ОБСЕ. Вториот дел од договорот е околу 40.000 евра и наменет за една година за редовни потреби на министерството.

Во договорот кој е склучен со единствениот понудувач кој се јавил на тендерот, „АБЦ Рент“ треба да изнајми 175 возила, најголем дел од нив автомобили кои ќе се користат од седум до осум дена.

 

 

vecer.mk