Сопругот на Јанкулоска за Република: Гордана е дома, борбата за нејзина рехабилитација продолжува

0
150

Гордана од денеска со семејството, е првата рекација на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски откако поранешната министерка Јанкулоска е пуштена дома на условен отпуст по три години и еден месец минати во затворот „Идризово.

Чуството е прекрасно, да биде дома со семеството. Борбата за за нејзина рехабилитација за случајот „Тенк“ продолжува во судот во Стразбур. Гордана има и уште еден предмет каде што е обвинета, тоа е случајот „Тврдина“-објаснува Илиевски за „Република“.

Условниот отпуст трае до септември 2024 година и таа нема да се враќа во затвор ако дотогаш не направи ново кривично дело.

извор: Република