Мицкоски: Канцер мафијата купувале и складирале лекови на Онкологија, иако имале доволни залихи, омилени веледрогерии на власта заработувале милиони

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција за скандалот во Онкологија и аферата „Диво месо“ истакна дека канцер мафијата купувале и складирале лекови, иако имало на залихи, но ова што го правеле омилени веледрогерии на власта заработувале милиони на грбот на граѓаните.

Мицкоски нагласи дека со овие лекови кои требало да спасат човечки животи претставувале можност за профит на грбот на здравјето на луѓето.

– Ова се лекови коишто според Фондот за здравство на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите. Нормално сите овие лекови доаѓаат од омилената веледрогерија на власта. И ќе започнам, прво тоа е лекот Абиратерон во ампули од 250 милиграми. Според Фондот за здравство на 31 март 2023 година состојбата на залихата била 121.149.360 денари и тој лек е пакуван во две големини 250 милиграми и 500 милиграми. Следен лек е Алектиниб. Состојбата на залиха на 31.03.2023 е речиси 123 милиони денари, или точно тоа е 122.986.958 денари. Понатаму Вемурафениб 240 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 406.464.361 денар. И да не останам должен, Абиратерон, лекот во пакување од 500 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 950.292.000 денари или вкупно нешто повеќе од милијарда ипол денари или нешто повеќе од 25 милиони евра, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека еден од добавувачите бил омилен на власта на СДС и ДУИ и истиот имал привилегија најчесто да ги добива јавните набавки.

– Овој договор опфаќа се што  претходно прочитав, сите овие лекови кои што претходно ги прочитав се опфатени со овој договор. Но тоа што овие на залиха имале милијарда и пол денари, на 31-ви март, не ги спречило на 27-ми февруари, да распишат јавна набавка, со која што повторно ќе побараат, од истите овие лекови, рамковен договор со овој омилен добавувач, а тој пак, на 8ми мај ќе го склучи овој договор, во вредност од точно 513.656.549,66 денари, со вклучен ДДВ, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека  станува збор за организирана мафија, која што за жал денеска, се уште оперира, која што на грбот на граѓаните заработува.

извор: ВМРО ДПМНЕ