Во гостиварското село Митројкрсти, ја украсивме црквата Св. Димитрија со еден кристален лустер Тип КЛ 10/12+8, како и еден месинган лустер Тип МЛ/3 во олтарот.
Селото Митројкрсти се наоѓа 7 километри јужно од градот Гостивар и се наоѓа на стариот пат таканаречен Виа Игнатиа, за Кичево.
Во околината на селото има многу месности кои се нарекуваат Крстови. Прв досега познат податок запишан за селото е дека селото е запишано како Димитри Крст во Кичевска нахија во пописот од 1453 година и тогаш броело околу десет куќи. Со текот на времето во македонскиот говор од овој крај името Димитрија постепено преоѓа во Митре и така селото сега го има името Митрови Крсти.
Црквата Св. Димитрија се наоѓа во непосредна близина на селото и е изградена во втората половина на 19 век.
Кристалниот лустер Тип КЛ10/12+8 е со димензии 1150*1250мм, со 12 надворешни и 8 внатрешни светилки, украсен со христијански симболи и икони.
Голема благодарност до домаќините за укажаната доверба и гостопримство, истакнуваат од селото.
foto FB