(ФОТО) Претрес во Скопје, пронајдена дрога

0
180

На ден (02.11.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Т.Н. (54) во Скопје. При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис. Т.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

 

 

МВР