Македонија на удар на моќниот Џеновски циклон, пристигнува во петок попладне!

Во следните часови, односно во текот на утрешното попладне и тоа поради влијанието на моќниот Џеновски циклон, од запад ќе започнат обилни врнежи од дожд и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота, но и во сабота ќе се прошират насекаде низ Македонија и локално ќе бидат проследени со грмежи.

На многу места ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог, локално и над 50 литри дожд).

Не се исклучува можноста за локално поголемо невреме со олуен ветер, силни електрични празнења, обилни врнежи од дожд па дури и со појава на град.

Во следниот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално со брзина од 60 до 80 км/час).

Во Скопје и околината исто така очекуваме поинтензивни врнежи од дожд, проследени со засилен ветер од јужен правец, а можна е и појава на грмежи.

Температурите иако за неколку степени пониски, сепак остануваат релативно натрпосечни високи и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени. Само во сабота ќе биде посвежо со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Наутро, барем одсега гледано во првата половина од овој месец не се очекува појава на минусни температури и на мраз, што значи продолжуваат натпросечно високите температури, иако кон средината на следната седмица се очекува помало заладување на времето (ништо сериозно).

Инаку целиот регион е под закана на моќниот Џеновски циклон кој ќе донесе силно невреме, а можни се и локални поројни поплави.

Посеверните, како и северозападните предели од европа исто така се зафатени од силно невреме и моќен циклон од Атлантикот. Таму дуваат ветришта со брзина дури до 200 км/час, стои во метеопрогнозата од метеопрогнозерот Славчо Попоски.