ССМ повика на масовен протест на 1 мај – се бара линеарно зголемување на платите за 2.800 денари

Сојузот на синдикати на Македонија ги повика сите работници, синдикати и невладини организации да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 1 мај – Меѓународниот ден на трудот, а на кој ќе се побара линеарно зголемување на платите за 2.800 денари, објави Канал 5.

-Наместо излет и скара, сите на протест, повика првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски, во пресрет на 1 мај.

Од протестот, ќе биде побарано зголемување на платите во целиот јавен и приватен сектор за 2.800 денари, односно, толку колку што се покачи минималната плата… Инфлацијата си го прави своето, па доколку ова покачување не се добие час поскоро, од нареден месец поради скокот на цените можно е да ја нема истата вредност, вели Димовски.

Текстот во целост на: Канал 5.