Директорката на ФЗО: Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп од страна на хакерите

Магдалена Филиповска Грашкоска, генералната директорка на Фондот за здравство, денеска на одржаниот брифинг со цел какоо што кажа јавноста да се запознае со хакерскиот напад на оваа институција.

Како што истакна таа, за овој случај е отворена истрага и верува дека сите детали ќе бидат споделени по завршувањето на истата.

„Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп од страна на хакерите. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам. Нападот беше насочен само кон виртуелните системи, додека податоците на граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи. Нема одлив на податоците на граѓаните. Гарантирам дека податоците на граѓаните не се афектирани“, рече таа.

Филиповска-Грашкоска потенцираше дека не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот. Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот бил на одмор кој не го прекинал по падот на системот и покрај тоа што навремено бил информиран за проблемот. Таа побара новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.

„Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“.

фото: PRTSC